ZUCCHERO


 

ПОРАДИ ЛОШИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ, КОНЦЕРТОТ НА ZUCCHERO ПРЕФРЛЕН ВО СЦ "БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ" ВО ОХРИД!

 

Драги пријатели,

 

Бидејќи ова лето си поигрува со нас, а на нас како организатори најбитни ни се безбедноста на публиката и на изведувачите, се одлучивме за единствениот логичен потег во моментов.

 

Во договор со менаџментот на ZUCCHERO, се одлучивме концертот да го префрлиме во спортската сала "Билјанини извори". Причина за тоа е дека во консултација со УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем!

 

 

Сакаме да ве информираме дека комплетната нумерација на билетите од Антички театар ја префрламе во СЦ "Билјанини извори" и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.

 

 

За поубава прегледност, објавуваме и шема со поставеност на категории и седишта.

 

ВАЖНО: Сите оние што сакаат да го гледаат ZUCCHERO, а не набавиле влезници, ве известуваме дека од утре во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 200 билети.

 

Ви благодариме на разбирањето и се гледаме во Охрид!

 

 

Одиме понатаму,

 

Авалон Продукција