Zola Jesus

Карти во продажба

Уште еден концерт во рамки на музичката програма на годинешното издание на CINEDAYS (покрај концертот Chk Chk Chk во МКЦ).

Zola Jesus во рамки на турнејата по повод издавањето на новиот албум OKOVI за Sacred Bones Records на 10 ноември ќе настапи во МКЦ Скопје.

Почетокот е закажан за 22:30, влезници по цена од 250 денари во продажба од понеделник 25.09, преку продажната мрежа на MkTickets, Купи Карти За Се и на Билетарница МКЦ.

 

Zola Jesus е проект на Nika Roza Danilova, која што создава мрачна музика во која превладуваат нејзините оперски вокали и клавијатурите. По потекло од Медисон, Висконзин, Nika покажува интерес за пеење уште од рана возраст, купувајќи касети со часови по пеење и оперски партитури на седумгодишна возраст, а наскоро потоа, почнува да работи со учител по пеење цели десет години.

Немирот и натпреварувачката природа на операта е причината што таа престануваа да пее неколку години, но во недостаток на таа форма на израз, таа е поттикната да го почне проектот Zola Jesus. Инспирирана од нејзините омилени изведувачи од средношколските денови како Diamanda Galás, Lydia Lunch, Throbbing Gristle, and Swans, Nika прави домашни катарзични снимки служејќи се со клавијатури, ритам машини, и што било што ѝ е при рака. Нејзината први изданија се неколку синглици од 2008, ЕП-то „The Poor Sons“ за Die Stasi и „Soeur Sewer“ за Sacred Bones.

Во 2009 година, Zola Jesus станува еден од најспоменуваните андерграунд артисти и артист за кој многу се пишуваше во блогосферата, а нејзиното издание и нејзините концерти доведуваат до тоа заедно со албумот The Spoils, таа да го издаде ЕП-то Tsar Bomba за Troublema, New Amsterdam и Sacred Bones, и малотиражен винил албум без наслов, и сплит издание со Burial Hex за Aurora Borealis. За нејзиниот бенд таа го ангажира нејзиниот братучед Dead Luke на синтисајзер, басистот Lindsay Mikkola, и тапанарот Max Elliott. Nika има свирено во бендот Former Ghosts, заедно со Jamie Stewart и Freddy Ruppert, од Xiu Xiu. Таа и во 2010 година работи макотрпно, настапувајќи со Fever Ray и the xx и издава три ЕП-ија со почист звук, насловени Stridulum, Stridulum II и Valusia.

Следната година таа соработува со Prefuse 73 на The Misanthrope Meditation Mix и го издава нејзиниот трет албум Conatus, каде што Nika продолжува да се оддалечува од нејзините lo-fi корени движејќи се кон експерименталниот електронски поп.

Кон крајот на турнејата за албумот Conatus, Nika добива понуда да настапи во њујоршкиот музеј Гугенхајм, настан на кој соработува со Foetus J.G Thirlwell, кој работи аранжмани за the Mivos Quartet. Овие жичани изведби се доловени во албумот Versions од 2013. За нејзиниот четврти албум Taiga (2014), Nika преминува во Mute Records. Именуван по рускиот збор за „шума“, таа го компонира и снима на вашингтонскиот зелен остров Вашон, а го микса во Лос Анџелес со долгогодишниот соработник Dean Hurley.

Три години подоцна, таа се враќа кај Sacred Bones за албумот „Окови“ (словенизам). Во овој албум медитациите за загубите и за излекувањето содржат и придонес од Alex DeGroot, WIFE, Shannon Kennedy од Pedestrian Deposit и перкусионистот Ted Byrnes.

 

ZOLA JESUS за прв пат во Скопје!