ЗЛАТНО ЛАНЧЕ ОД БИЖУТЕРИЈА

Карти во продажба

ЗЛАТНО ЛАНЧЕ ОД БИЖУТЕРИЈА

Хит претставата со најпопуларниот актер во регионот, премиерно и кај нас. Уверете се и вие зошто веќе три години ја засмејува публиката ширум регионот.

Триесет и петгодишниот неуспешен студент и неуспешен бизнисмен, целиот живот живее на туѓа сметка. Очекувано, на крајот својот спас го бара во бракот со богата жена. 

26 септември, Дом на АРМ - Скопје, почеток 21 ч.

Лик (Костадин/Лале): Андрија Милошевиќ

Музика: Владимир Рацковиќ

Текст: Миодраг Мијо Караџиќ

Продуцент: Милутин Бата Караџиќ

Продукција: FaVI

Дејствие на монодрамата:

Андрија Милошевиќ, во улога на Костадин/Лале, доаѓа во Белград полн со надежи и очекувања. Но, иако заљубен во себе и лесниот живот, набрзо сфаќа дека поминале години, ниту еден бизнис кој го започнал не успеал, а не го завршил ниту образованието. Убави девојки има на куп, но нему не му треба жена, туку некоја која ќе го издржува. Некоја богата...и на таква налетува...Костадин е воодушевен што успеал да ја измами неа и нејзиното семејство...но, она што не го знае е дека семејството не би било толку богато, доколку би можел секој лесно да го измами.

Билети во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 1.000 денари.