White Sensation Beach Festival

Се гледаме на Square Beach Bar & Restaurant заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна

Огромно задоволствo ни е да ви го најавиме четвртото издание на најголемото, најспектакуларното музичко шоу, кое во 2015 за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место...

Најголемото збиднување под наслов White Sensation Beach Festival, годинава ќе се случи на 20ти јули (сабота).

Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и светлосни ефекти кои ќе допринесат за перфектна забава.

Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.

Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со 7 диџеи и уште многу изненадувања на нивните настапи.

Настапуваат 

локална поддршка до 22:00 часот

 

DJ JOSHEVSKI (dj n.joshevski)

DJ Shema (Pece Noncevski)

DJ Andrej Gjoshev

 

RobbieRay LedRobot

disconnected

DJ RICARDO (Hristijan Gjakovski)

Ѕвезда на настанот 

Dj the Boy (Official) еден од најреспектираните ДЈ во Европа. Дури три пати е европски шампион на најреномираното и најреспектабилно DMC хип хоп натпреварување во Лондон. Има големо влијание на музичката сцена и важи за човекот што го донесе новиот хип хоп звук во Европа, и е почитуван од underground и mainstream публиката. Во неговите настапи вредно е да се споменат настапите со Busta Rhymes и Wu-Tang Clan.

Продажбата на влезници започнува на 2ви јули преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 130 ден до 19.07, а на влез картата ќе чини 200 ден.