ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

Карти во продажба

Големо задоволство ни е да ви најавиме дека Авалон Продукција и Владо Јаневски ја обновија својата соработка после пауза од повеќе од десет години.

Како резултат на тоа, уште поголемо задоволство ни е да ви го најавиме и најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера, којшто ќе се случи на 01 јуни, на стадионот на АРМ, со почеток во 21 часот. 

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија. 

Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години, што го работиме овој проект.

На концертот кој предвидено е да трае повеќе од 2 часа, Владо Јаневски ќе ги изведе сите негови најпознати хитови кои ја одбележаа неговата две ипол децениска соло кариера. Периодов тој е актуелен со неговиот најнов сингл, насловен "Главен град на тагата".

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР

800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)

1.000 ден ВИП