Vienna Classic Orchestra - SOLD OUT

 

На 7 декември во Македонската Филхармонија ќе се случи вистински светски музички настан за паметење, во организација на „Прагма продукција“. За првпат љубителите на класичната музика добиваат можност, во живо да ја почувствуваат музичката магија, која низ светот ја шири единствениот Vienna Classic Orchestra. Настанот ќе започне во 20:3 часот.

Vienna Classic Orchestra е основан во 1998 година, кога најзначајните солисти на неколку класични формации во Виена решаваат да го постават почетокот на најелитниот, врвен оркестар кој ја фасцинира публиката со настапите низ целиот свет.

Овие врвни музичари се членови на Виенската Филхармонија. Настанот  ќе го означи почетокот на празнувањето на новогодишните празници.

Картите за ќе бидат пуштени во продажба од утре (25.10.2018 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.
Цените за овој настан ќе се движат од 1200 до 2000 денари.