УКРАЃЕНА ЛИЧНОС!-ХИТ КОМЕ(Н)ДИЈА СА СРЕЌКО ШОИ

ukragena licnosУКРАЃЕНА ЛИЧНОС!-ХИТ КОМЕ(Н)ДИЈА СА СРЕЌКО ШОИЌ
Милан Лане Гутовиќ

29.05.2017
20 ЧАСОТ
ДОМ НА АРМ
 

Како Среќко Шоиќ се обиде да ја изработи Европската Унија!

УКРАЃЕНА ЛИЧНОСТ го носи на театарската сцена Среќко Шоиќ (во авторство и изведба на Лане Гутовиќ).

Со итрината и духот на селска битанга, Среќко Шоиќ и се наметнува на Европската Унија како кандидат за Претседател. Ниеден услов не е неприфатлив за него, затоа што за него се е џабе. Манипулацијата е за него потполно прифатлива, а тој ја карактеризира како соработка. Се што нуди е со премаз на измама, или жаргонски превара, умешно ја извртува реалноста и ја мести на моментот, и се тоа го прави виртуозно, понекогаш со фаца на бебе кое нема појма за ништо! Никогаш ништо не плаќа, и ништо не должи! И секогаш е ”изненаѓен” и ”увреѓен”!
Идеален кандидат за Европската Унија!
Маестрална изведба на легендарниот актер Лане Гутовиќ вградена во ликот на шалабајзерот на векот, Среќко Шоиќ: “Насловот на претставата е изведен од реченицата на главниот лик. Тој се жали на Европската Унија и на меѓународната комисија барајќи оштета дека е потполно ојаѓен и дека му е УКРАЃЕНА ЛИЧНОС ”!
Среќко Шоиќ, кој образот го продава за ”кафуќино“ и “прасиќи“, седи повреѓен и озлојеѓен, и на својот соработник му диктира писмо за Европската Унија, во кое изразува желба да биден примен во ЕУ. Тука почнува феноменалниот заплет и громогласната смеа, која на нас познатиот начин ни ја интерпретира Среќко Шоиќ. Неписмениот директор кој неќе да плаќа како да јадел “Носорози и жирафе“, кој нарачува “Миле воли диско за четири особе“,  ќе проба на себе си својствен начин да ја изработи Европската Унија и да си ги реализира желбите, бидејќи отсекогаш работел како и секој Балканец-САМО ЗА СЕБЕ.
Ќе биде урнебесно смеење до солзи.

Милан Лане Гутовиќ е доајен на глумиштето на балканските простори. Вечното момче со господски манири на старата школа на однесување. Еден од оние актери кои ни под која цена не смеат да се пропуштат. ЖИВА ЛЕГЕНДА!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 600 денари до 20 мај. Од 20 до 29 мај цената на истите ќе изнесува 700 денари.

dom na arm

 

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна. 
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и 
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!