Tragovi u sjeti

Карти во продажба

Концертно претставување на проектот Tragovi u sjeti, на врвните џез музичари Зоран Предин и Матија Дедич, во МНТ, на 17 и 18 ноември, со почеток во 21 часот.

Ова е проект кој го сочинуваат најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации. „Ти си ми у крви„ на Бреговиќ, „Галеб и ја„ на Руњиќ, „Магла„ на Метикош или „Васа Ладачки„ на Балашевиќ, како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија.
Албумот е снимен во студиото Марибор, на 22 јануари 2016 година. На албумот освен Зоран и Матеј, учествуваа и Ева Герм, Јулија Ведин додека позади целосната  музичка продукција, снимање и мастеринг потпишан е Данило Женко. Овој албум содржи 12 нумери, и сите се окаракетризиарни како музички крстопат на класични ноти и џез музика.

Билети во предпродажба по цена од 800 денари.