Темпера

Македонската група „Темпера“ во состав на музичките ветерани Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас Тања Тас ќе имаат целовечерен концертен настап во ноќниот клуб Станица 26 на 18 април со почеток во 21 часот.

Групата „Темпера“ е оформена 2013 година во Скопје. Во неа членуваат музичари со огромно искуство, кои учествувале со најголемите и најкултните македонски бендови: како „Архангел“,„Влатко Стефановски Трио“...

Нивниот прв албум „Играј!“ е издаден 2014 година за Авалон продукција за Македонија, а истиот е издаден од Далас продукција за Хрватска и Србија следната година. Од оформувањето бендот има настапувано низ цела Македонија. Во 2014 тие беа специјални гости на два фестивали „Белгрејд колинг“ и „Скопје Гори“ каде ѕвезда на вечерта беше Били Ајдол. 

Затоа не пропуштајте!

Билети по цена од 300 денари