Sting - Распродаден

1

 

 

Почитувани,

Се замолуваат сите кои купиле онлајн билети за концертот на Стинг, истите да ги подигнат во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат, секој работен ден од 09 до 21 часот, претстојнава работна недела, приложувајќи го испринтаниот ваучер, за да се избегнат дополнителни гужви на влез на концеротот. 

Со почит,
Тимот на Купи Карти За Се

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING! 

На оваа турнеја, STING свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на STING, ќе настапи и Joe Sumner.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.990 денари
VIP ПАКЕТ (кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на СТИНГ „57th & 9th (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!