Mar+in Garrix

skopje callingMartin Garrix, за прв пат како no.1 world dj доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот SKOPJE CALLING 2017.

После феноменалниот почеток на Skopje Calling, лани, со настапите на хитмејкерите David Guetta, Robin Schulz и Kungs, годинава Скопје ќе биде домaќин на човекот којшто не е само најголема диџеј ѕвезда во светот во моментов, туку е и ултимативен глобален суперстар на целата планета.

Настапот на Martin Garrix ќе се одржи во рамките на фестивалот Skopje Calling на 23 јуни, на ребрендираниот стадион „Филип Втори“ (Телеком Арена).

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е no.1 world dј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда во 09 часот наутро преку системот Купи Карти За Се..

mg mapaБилетите ќе бидат по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

ВИП- 1500 денари

УЛТРА ВИП- 2000 денари

На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот.

______________________________________________________________________________________

MARTIN GARRIX- SKOPJE CALLING 2017

We are pleased to announce that the tickets for MARTIN GARRIX`s exclusive dj set in Skopje, at SKOPJE CALLING FESTIVAL 2017, will be on sale from this Wednesday (22.02) through the global ticket service Eventim.

We are expecting over 25,000 people from the Balkan to come to the biggest summer event in Skopje- Martin Garrix's exclusive dj performance as no. 1 World Dj.

Ticket prizes:

PARTER- 17 eur
FANPIT- 25 eur
VIP- 25 eur
ULTRA VIP- 33 eur (limited number of tickets)

 

 

Карти во продажба