Skopje Calling 2018 - Axwell & Ingrosso - втор викенд

AXWELL & INGROSSO НАМЕСТО НА 24ти ЈУНИ, ЌЕ НАСТАПАТ НА 21ви ЈУНИ НА SKOPJE CALLING! 

Ве известуваме дека од технички причини и на барање на менаџментот на Axwell & Ingrosso, настапот на Skopje Calling од 24 јуни се поместува на 21 јуни, на стадионот на АРМ.

Сите што веќе имаат набавено билети, ќе им важат со промемената на датумот.

 

Се гледаме на 21ви јуни!

Водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Axwell & Ingrosso, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 24-ти јуни 2018 година.

Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа.

Настанот ќе биде проследен со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

Аxwell & Ingrosso

1000 денари ПАРТЕР 2

1.500 денари ПАРТЕР 1

2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)