Силјан Штркот Шанца

Карти во продажба

Силјан Штркот Шанца
28 септември, почеток 18 часот, Македонски Народен Театар, мала сцена

siljan strkot sancaод Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Александра Кочовска – Начева
Бенд - ВИС Погани штркови feat. Кокошките од пеколот
Соло - гитара и вокал: Ивица Димитријевиќ
Бас - гитара: Александар Ѓорѓиески / Ташко Грујовски
Удиралки: Никола Кимовски
Вокали: Нина Деан, Тина Трпкоска и Ана Стојановска

Времетраење: 85 минути
Пауза: Не
Сцена: Мала

Актерска екипа:

Силјан - Александар Михајловски
Божин - Нино Леви
Евда - Марија Новак / Магдалена Ризова - Черних
Велчо - Ивица Димитријевиќ
Силјаница / Си Биле - Нина Деан
Еснафот - Александар Ѓорѓиески / Славиша Кајевски
Духовникот - Висар Вишка
Клајк - Кире Ѓоревски
Клајковица / Чуле - Ана Стојановска
Сиве - Тина Трпкоска
Пијаницата - Кире Ѓоревски
Трпе - Никола Ацески

Ако за театарот се вели дека е игра, илузија, магија ... тогаш во него најмногу, најискрено, највнимателно ... ужива детето. А, зборовите на големиот Илија Милчин „театарот го одложуе својот долг кон најмладите гледачи, давајќи им можност да се забавуат и поучуат во спектакли блиски на нивниот степен и свет на познанија и претстави“, по повод премиерата на првата македонска детска претстава, поставена на сцената на Македонски народен театар, најдобро го потврдува ова. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар.

Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот! Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 70 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и музиката режирани и водени од Срѓан Јаниќијевиќ. Некогаш се изведувала со куклите раководени од актерите Ратко Гавриловиќ, Јордан Георгиевски, Тома Киров, Марија Мачевска, Деса Прличкова, Вера Филипова, Благоја Црвенков, Добрила Иванова, Трајко Чоревски, Цветанка Јакимовска...., а денес живее преку живата игра на актерите.