She. Leads

SHE. Leads е третиот по ред настан, организиран од иницијативата SHE. која има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни на талентирани и успешни жени од различни индустрии.

На 12 декември, ја имаме честа да ја слушнеме приказната на нашата гостинка Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Позната по нејзината борба за родова еднаквост и поддржувач на развојот на жената-претприемач, Валентина е исто така и основач и иницијатор на неколку невладини организации во Македонија и регионот. 

Ќе ни биде задоволство да ни се придружите во 18:00 часот во канцелариите на Симфони Солушнс, Скопје и да ја чуете нејзината приказна!

 Цената на картата изнесува 300 денари и сите парични средства од настанот ќе бидат донирани во СОС Детско Село, Македонија.

Канцелариите на Симфони Солушнс се наоѓаат на ул. Скупи 3а, 1000 Скопје