Разговори во четири очи

Карти во продажба

razgovor vo ceteri ociРазговори во четири очи
30 септември, МНТ мала сцена, почеток 18 часот

од Ингмар Бергман

Режисер: Нина Николиќ
Адаптација: Тамара Барачков
Костимограф: Ивана Каранфиловска-Угуровска
Сценограф: Сања Аврамоска

Скопје Филм Студио во копродукција со Македонски народен театар

Времетраење: 67 минути
Пауза: Не
Сцена: Мала

Актерска екипа:

Амернис Нокшиќи – Јовановска
Нина Деан
Петре Арсовски
Оливер Митковски
Дарја Ризова
Катина Иванова
Благој Веселинов

Ако овој Бергманов роман мора да се дефинира како еден клучен мотив, тогаш тоа би било — соочување. Во претставата Разговори во четири очи главниот лик во приказната, Ана Бергман, се соочува сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот. Напишан во форма на роман, Разговори во четири очи ја поседува структурата која сосем одговара на театарскиот израз. Возбудливи, поетични и емотивни, петте делови и епилогот се како самостојни микродрами, прецизно поставени спротивставувања и исклучително слоевити и комплексни односи. Иако станува збор за свештеничко семејство во провинцијата на Шведска на почетокот на XX век, Бергмановото семејство е универзално и вонвременско. Низ споменатите сегменти, по пат на мозаик, првенствено се крои деликатен портрет на една жена, но и слика на препознатливи генерациски конфликти, архетипски конфликти меѓу сопружниците, родителите и децата. Разговорите се интимен однос кон минатото, обид да се заземе дистанца спрема ситуацијата за која сме лично врзани, со цел откривање на нова перспектива и толкувања на сеќавањата, без оглед на тоа колку е болно. Среќавањето на Ана Бергман со личностите кои го дефинирале и обликувале нејзиниот животен пат (свештеникот Јакоб, сопругот Хенрик, мајката Карин и љубовникот Тумас) истовремено се нејзино потсетување на храброста, дрскоста и слободата кои со времето ги имала изгубено. Разговорите во четири очи го истражуваат прашањето за способноста и силата на поединецот да преземе контрола над сопствениот живот и да ги признае направените грешки. Оваа приказна е горко сознание за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме.

 

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!