Писмо Некому

 

 

Писмо некому”- детска претстава

Претставата “Писмо некому  ја раскажува приказната за осаменото китче, кое почнува да зема часови по пишување кај морскиот учител-албатросот, со цел да напише писмо со кое да покани некого да му дојде во посета. Приказната за китчето ја споделуваме користејќи интерактивн пристап и многу хумор. Децата стануваат дел од дејствието и оние кои ќе му помогнат на китчето да ја надмине својата осаменост.

На создавањето на претставата и претходеше поцес на креативни работилници кои екипата на Буден Театар ги спроведе со децата од О.У.Кочо Рацин-Скопје, како и со децата бегалци сместени во Т.Ц.Табановце. Работилниците се снимаа и потоа како своевидни видео писма се проектираа меѓу двете групи деца за да воспостават комуникација, и покрај тоа што средби не беа возможни. Дел од овие видеа се вклучени во самата претстава.Овие работилници се работеа на база на приказните од книгата “Писма Некому и Никому” на реномираниот холандскиот автор за деца Тон Телехен, а и самата претстава е исто така создадена на база на овие приказни.

 

 

За Буден Театар

Буден Театар  е професионален театарски колектив активен од  2009. Буден Театар продуцира театарски претстави, организира семинари наменети за театарски професионалци, креативни курсеви за деца, и е организатор на Меѓународниот фестивал за куклен театар Фенер. Буден Театар креира за возрасна и за детска публика секогаш применувајќи ги принципите на автентичност и иновативност. Работата со деца и за деца,  Буден Театар ја смета за своја мисија со која дава допринес кон сензибилизирањето на македонското општество за важноста на квалитетниот театар во развојот на децата. Буден Театар е член на Аситеј-меѓународната мрежа за театар наменет за детска публика.

www.budenteatar.org