Pelister Downhill Cup #6

Со огромно задоволство ви го најавуваме Pelister Downhill Cup #6 кој ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale (UCI), и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација.

Pelister Downhill Cup ќе биде одржан во рамките на Балканскиот Downhill Cup и ќе биде бодуван за ранг листа на ВФМ, Велосипедската Федерација на Македонија.

Локација: Пелистер, Битола, Македонија

Датум: 1-3 Јуни 2018

Oфицијален FB настан - https://www.facebook.com/events/190484675072775/ 

Официјална фан страна - https://www.facebook.com/Pelister-Downhill-Cup-190278107685494/

За сите новости околу Pelister Downhill Cup, следете не на официјалниот FB настан и официјалната FB фан страна.

ВАЖНО!
задолжително превземете ја пдф апликацијата од следниов линк, пополнете ја и испратете ја на extremebiketeambitola@gmail.com

-  Цената за пријава на натпреварот изнесува 900 денари (15 евра)  за натпреварувачите  кои поседуваат UCI лиценца и се пријавиле  до крајниот рок. Цената за натпреварувачите  кои поседуваат UCI лиценца и ќе се пријават  после крајниот рок  изнесува 1200 денари (20евра) 

-  Цената за натпреварувачите кои не поседуваат UCI лиценца  и ќе се пријават  до крајниот рок  изнесува 1200 денари (20 евра). Цената за натпреварувачите кои не поседуваат UCI лиценца а се пријавиле после крајниот рок  изнесува 1500 денари (25 евра).

Распоред

ПЕТОК 01.06.2018

10:00 – 13:00  Преглед на стазата без велосипеди  

13:00 – 18:00  Неофицијален тренинг без обезбеден превоз, медицинска екипа, горска служба и судии. 

САБОТА 02.06.2018

08:00 – 10:00  Пријавување и превземање на стартните броеви

10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.

НЕДЕЛА 03.06.2018 

09:00 - 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии. 

12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии. 

15:00   Финален спуст 

 

Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.