Оревокршачка

Карти во продажба

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Балетскиот спектакл “Оревокршачка” на мраз кој требаше да се оддржи на 24ти ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4ти декември 2017 година, локација останува непроменета - Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот.

 

Важно известување за сите кои веќе имаат набавено билети: Купените билети со датум 24ти ноември 2017 година се важечки за претставата на 4ти декеври 2017 година и нема никаква потреба од нивна замена за билети со нов датум! Оние кои веќе купиле билети, а не можат да присуствуваат на настанот на новиот датум може да побараат нивна рефундација на продажните места на кои ги купиле билетите. Сите кои купиле онлајн билети, а сакаат истите да ги рефундираат истото можат да го направат испраќајки го петцифрениот број од онлајн нарачката на contact@kupikartizase.com

Со почит,
ККЗС

На 04 декември, со почеток во 20 часот на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Минатата година, Државниот балет на мраз гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело “Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика. Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од извонредниот кореограф Константин Бојарски и претставува успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Бојарски бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Играл со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.

Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Петар И. Чајковски - „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа, Кина...

Билетите за овој балетски спектакл на мраз - “Оревокршачка” на мраз,  може да се набават преку продажната мрежа на “КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија.

Цената на билетите изнесува

ред 23,24,25 i 26 - 1500 денари
ред 1,2, 19,20,21,22 - 1800 денари
ред  3,4,17 i 18 - 2100 денари
ред  5,6,14,15,16 - 2400 денари
ред 7 i 13 - 3000 денари
ред  8,9,10 i 11 - 3700 денари