Ohrid Calling 2018 - Dimitri Vegas and Like Mike

Dimitri Vegas and Like Mike доаѓаат за прв пат во Македонија ова лето 2018-та година, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2018, на 01 август, ноќ спроти Илинден, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Dimitri Vegas and Like Mike се познати како домаќини на славниот Tomorrowland фестивал, чии химни редовно ги потпишуваат од 2010-та година, а во моментов се повеќе барани и од најголемите суперѕвезди како што се: Hardwell, Martin Garrix, David Guetta и Calvin Harris. Нивната популарност најдобро ја опишуваат 40.000 продадени влезници за само 40 минути, за двете од вкупно три распродадени ноќи во белгиската „Спортпале“ арена, надминувајќи ги рекордите кои ги држеа Madonna и U2! По 10-те последователни први места, најголемата онлајн продавница за електронска музика „Битпорт“ ги прогласи за изведувачи на годината, а нивните хитови „Тremor“, „Мamouth“ и снимките од бројните настапи во збир надминуваат милијарда прегледувања на „Јутјуб“ каналот. Познати и како врвни ремиксери, Dimitri и Mike соработуваа со водечките изведувачи на денешницата како што се Cavin Harris, „The Weeknd“, Justin Bieber, Major Laser. Dimitri Vegas & Like Mike се познати по спектакуларните настапи на најголемите фестивали и арени ширум планетата, со современата продукција која ја карактеризираат визуелни и светлосни ефекти внимателно скроени за нивните еуфорични сетови.

Влезници по цени од:

1000 денари ПАРТЕР 2

1.500 денари ПАРТЕР 1

2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)