Ohrid Calling 2018 - Roger Sanchez and Jax Jones

Авалон Продукција навистина се потруди ова лето Охрид да не заостанува во ништо од водечките европски туристички летни центри кога е концертната музичка сезона во прашање и поради тоа, задоволство ни е да ви најавиме дека освен Dimitri Vegas & Like Mike на 01 август и Armin Van Buuren на 04 август, се одлучивме да направиме уште една спектакуларна вечер на која покрај Јax Јones, после него со late night сет ќе настапи и живата легенда на хаус музиката, ROGER SANCHEZ, на 02 август за празникот Илинден.

Токму поради тоа, Авалон Продукција одлучи дека сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 01 и 04 август), со истите да може БЕСПЛАТНО да присуствуваат на денот на настапот на JAX JONES и ROGER SANCHEZ на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид!

Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на OHRID CALLING, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од:

500 денари ПАРТЕР

700 денари ФАН ПИТ 

JAX JONES го запозна јавноста со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.

На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Demi Lovato, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Ве потсетуваме дека влезниците за Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren можете да ги набавите по цени од: 

Единечни:

1000 денари ПАРТЕР 2

1500 денари ПАРТЕР 1

2000 денари ФАН ПИТ

Блок билети за двата фестивалски денови:

1.600 денари ПАРТЕР 2

2.100 денари ПАРТЕР 1

3.000 денари ФАН ПИТ