NUMB - Tribute to Pink Floyd

Карти во продажба

Ова лето во Охрид ќе се одржи премиерата на проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd. 

Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга кои се веќе добро познати во јавноста. Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали  

Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.

Концертот ќе се одржи на сцената „Долни сарај“ на 26-ти јули со почеток во 22:22 часот.

Билетите се продаваат по цена од 250 денари.