Маша и Медо

Карти во продажба

По минатогодишниот успешен настап, со одиграни 5 претстави, публиката повторно ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“, но овој пат на поголема и поспектакуларна сцена.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.

Претставата ќе се оддржи во Скопје, на 16. декември 2017 год., со почеток во 17 часот, во Вип Арената Борис Трајковски - која ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за оваа намена.
Во Прилеп, претставата ќе игра на 17 декември, во Центарот за култура Марко Цепенков, со почеток во 12 часот.
Во Битола, претставата ќе игра на 17 декември. во Домот на Културата со почеток во 18:30 часот.

Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Билетите во продажба, преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија.