Курс за Дигитален Маркетинг

Курс за Дигитален Маркетинг во Nextgen Центар

Почеток на курс: 17 мај 2018 година

Термин: Четврток, 18:00 – 20:30 часот

Локација: Ленинградска 102-г, Скопје

Курсот за вовед во дигиталниот маркетингот во NextGen центарот ќе ви овозможи да ги научите  основните принципи на дигиталниот маркетинг, главните разлики помеѓу дигиталните и традиционалните техники, и како дигиталниот маркетинг може да ви помогне да го развиете вашиот бизнис.

За кого е наменет?

Идеален курс за креативци, мали фирми, здруженија, професионални организации и сите кои сакаат да научат како да размислуваат и да се надоградуваат во областа на дигиталниот маркетинг.  Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги научат основите и принципите на дигиталниот маркетинг, како и оние кои сакаат да ги усовршат постоечките знаења. Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни.

За обуката не е неопходно претходно искуство од маркетинг или алатките кои ќе се изучуваат. 

Предавач: Анета Палевска

Анета е сопственик на NextGen центарот во Скопје, и има долгогодишно работно искуство во маркетинг индустријата. Таа има завршено студии во Мичиген, САД, а потоа неколку години работела како консултант во повеќе фирми во Њујорк и Лондон.

Анета има пасија да им помага на малите бизниси да растат со помош на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми.