Каролина Гочева - Битола

Задоволство ни е да ви најавиме дека Каролина ова лето се враќа во родната Битола, со концерт во најубавата битолска локација, античкиот театар Хераклеја Линкестис, на 10-ти август.

На концертот кој ќе трае два часа, Каролина и нејзиниот бенд ќе настапат со песните од новиот албум „Извор“, како и оние од историскиот проект „Македонско девојче“.

Влезнците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот, по цена од 400 денари (ненумерирани седишта).

Исто така, сакаме да ве потсетиме дека утре почнува продажбата и за концертот на Каролина во Охрид, кој ќе се одржи на Античкиот театар на 11-ти август.