Каролина Гочева

Со големо задоволство сакаме да ви најавиме еден дел од концертната турнеја на Каролина, која во периодот од крајот на овој месец и почетокот на идниот, ќе се одржи во неколку градови низ Македонија, а ќе биде во рамки на промоцијата на новиот албум „Извор“.

Каролина заедно со нејзиниот бенд на овој дел од турнејата ќе настапи во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и Штип, на следниве дати:

21 април- Дом на култура „Иљо Антевски- Смок“, Тетово

24 април- Центар за култура „АСНОМ“- Гостивар

06 мај- Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово

07 мај- Центар за култура „Ацо Шопов“- Штип

10 мај- Центар за култура „Антон Панов“- Струмица

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од „Извор“, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите по цена од 450 денари, ќе бидат пуштени во продажба веднаш.