ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ГОЦЕ ПЕЈКОВСКИ

По повод 18 години музичка кариера, кралот на кафеаните ГОЦЕ ПЕЈКОВСКИ,  на 27 март со почеток во 20.30 часот оваа година ќе одржи целовечерен концерт во ресторанот  РОЗЕНБЕРГ. Целокупниот приход од продадените влезници ќе биде дониран во хуманитарни цели,  за лечење на колегите музичари Момо Николовски и Тоше Илиевски кои боледуваат од карцином и на кои им се неопходни средства за лечење во странство.

Цена на влезниците 200 денари.