Ohrid Calling: HARDWELL

hardwell

Огромно задоволство ни е да Ви најавиме дека глобалната суперстар диџеј ѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2017, на 2ри август на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.

Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Rihanna, Coldplay, Ellie Goulding, 30 seconds To Mars. Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Hardwell му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.

Во последниве неколку години, Hardwell е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент.

DANTE KLEIN и KILL THE BUZZ, годинава го придржуваат HARDWELL на неговата светска турнеја.

DANTE KLEIN светската публика го запознава преку неговиот настап на Tomorrowland во 2015 година и оттогаш неговата кариера расте во нагорен правец. Соработува со некои од најголемите диџејски имиња во моментов, како HARDWELL, Dimitri Vegas, Like Mike, Sam Feldt и многу други. Неговиот сингл насловен „Let Me Hold You“ има милионски прегледи на Youtube и Spotify.

На светската електронска сцена KILL THE BUZZ станува познат со неговиот сингл „Party Hard“, во издание на продуцентската куќа на HARDWELL, Revealed Recordings. Истиот сингл премиерно го изведува HARDWELL на Tomorrowland во 2012 година и добива огромна поддршка од публиката и идни соработки со диџеите: David Guetta, Benny Benassi, Sander van Doorn и други.

Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (24.04.2017) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија   и онлајн, по цени од:

1000 денари ПАРТЕР
1.500 денари ФАН ПИТ
1.500 денари ВИП
2.000 денари УЛТРА ВИП

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА:

1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР
2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ

ohrid calling mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!

 

Карти во продажба