Foo Fighters Sziget 2019

Карти во продажба

FOO FIGHTERS
BUDAPEST, (Sziget festival, 13.08.2019)
(EUROPE 2019 tour)

 

Тридневен аранжман со превоз, влезница и едно ноќевање во Будимпешта

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН, недела 11.08.2019: Поаѓање од Скопје (паркинг пред хотел ВИП, спроти Скопски саем)  во 19 часот.

Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

ВТОР ДЕН, понеделник 12.08.2019: Пристигнување во Будимпешта претпладне. Слободна прошетка низ центарот до сместувањето во однапред резервираниот хостел во Будимпешта. Слободно попладне. Слободна вечер, или можност следење на шестата фестивалска вечер на Сигет, (Florence + The machine, факултативно, околу 80 евра на лице место), а потоа враќање во  хостелот по сопствен избор. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН, вторник, 13.08.2019: Напуштање на хостелот  околу 11 ч и слободен ден во Будимпешта до 18 ч. Превоз на групата до паркинг во близина на Сигет фестивалот и следење на концертот на Foo Fighers и другите настани на многуте бини предвидени за таа, седма вечер на Сигет. Во 01.30 ч по полноќ собирање на групата на договореното место и поаѓање кон Македонија по истиот пат. Ноќно возење

 

ЧЕТВРТИ ДЕН, среда, 14.06.2019: Пристигнување во Скопје попладне

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 13000 ден                                                                    

Аранжманот опфаќа:

*автобуски ПРЕВОЗ
*ноќевање (Цената на аранжманот важи за сместување во 3 или 4-креветна соба во хостелот. Во случај на потреба од сместување во 2-креветна, потребна е благовремена најава при самото резервирање и доплата од 12 евра по лице на рецепција)
*еднодневна фестивалска влезница

*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:

* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

*задолжително да испратете ги своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com 

ВАЖНО!!!

 

Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;