Електра

Карти во продажба

ЕЛЕКТРА
27 Септември, МНТ, 20 часот
според Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр

Режисер: Андриј Жолдак
Адаптација: Андриј Жолдак
Сценографи – Андриј Жолдак, Лукас Нол
Костимографи – Лукас Нол, Даниел Жолдак
Автор на музика – Сергеј Патрамански
Асистент на режисерот – Никола Кимовски
Извршен продуцент– Виктор Рубен
Автор на плакат – Срѓан Јаниќијевиќ
Камерман –Кузман Клековски
Асистент-сценограф – Тања Блажевска – Христова, Даниел Жолдак, Илина Ангеловска
Светло-мајстор – Илија Тарчуговски
Тон-мајстор – Александар Арсиќ
Модул-оператор – Костадин Велков
Премиерна изведба: Петок, 05 Септември 2014
Времетраење:150 минути
Пауза: Да

Актерска екипа

Дарја Ризова – Електра, ќерка на Агамемнон
Александар Ѓорѓиески – Орест, син на Агамемнон
Звездана Ангеловска – Клитемнестра, нивна мајка, жена на Агамемнон
Славиша Кајевски, Борче Начев – Агамемнон, нивни татко
Никола Ацески – Огист, љубовник на Клитемнестра
Еврипид – Славиша Кајевски, Борче Начев
Звездана Ангеловска – Жена на Еврипид
Александар Михајловски – Исус
Анастазија Ташковска, Михаела Николоска – Електра во детството
Арна Шијак – Телохранител на Клитемнестра, негувателка на Електра и Орест

Приказна базирана врз античкиот мит за клетвата и зa злосторството во едно кралско семејство и за тоа како Господ ги казнува вашите деца. Зашто сите ние стануваме одговорни за постапките на нашите родители, дедовци и прадедовци (сакале или не). Ние сме, исто така, одговорни и за нашите сопствени постапки, тие што ги правиме сега, не помислувајќи дека тие не врзуваат со нашите деца и со децата на нашите деца.

Оваа претстава ќе ја истражува суровоста скриена во длабочината на човековото битие, во неговата/нејзината потсвест (која не се гледа или, можеби, спие), за во некој историски миг (критичен за државата, за семејството или самиот човек) таа наеднаш да избега и да стане сила што целосно ја презема контролата врз стварноста. Во фокусот на претставата е токму прашањето за суровоста, за длабочината до која таа продира внатре, во човековото битие – до километар или до повеќе километри. Зошто човекот, во одредени ситуации, станува понасилен отколку што умее да биде насилен билниот или животинскиот свет?

Сестрата Електра и братот Орест решаваат пак да ја воспостават праведноста и, преку нив, Господ ги казнува тие што вршат злосторства. Секој мал или поголем кримен, порано или подоцна, мора да биде разоткриен и казнет. Сега, во 21-от век, токму како и пред илјадници години, луѓето навистина не умеат соодветно да одговорат на прашањето: „Што, во екстремните ситуации, бива со човечкото суштество, со човекот?“ Како што напишал Фјодор Михајлович Достоевски, човечката душа е во темница. А Георг Бихнер, пак, заклучил дека, доколку се загледаме во човечката душа, ќе ни се пристори дека се загледуваме во амбис и „ќе ви се зашемети од тоа што ќе го видите“.