Душан Јевтовиќ Трио

Душан Јевтовиќ го вбројуваат во најталентираните европски гитаристи од помладата генерација чиј музички сензибилитет критичарите го споредуваат со Robert Fripp (King Crimson). Душан Јевтовиќ ќе го придржува и едно од најголемите џез имиња од овие простори, Васил Хаџиманов, кој исто така се појавува на албумот. Душан Јевтовиќ Трио секако е предизвик за домашните љубители на џезот, настан кој 3 Гонга особено го препорачува. Четврток 17ми мај во Станица 26 со почеток  во 21:00 часот.

Билети по цена од 400 денари со вклучен ДДВ.