Drew McDowall

CNEDAYS & DESONANZ 

Наша голема чест и задоволство е да го најавиме настапот во Скопје на легендарниот електронски волшебник - Drew McDowall, култна фигура во историјата на електронската музика и човекот кој како композитор и продуцент е одговорен за голем дел од психоакустичната магија на Coil, Psychic TV, Current 93, Throbbing Gristle и други проекти од бранот на рана индустриска, електронска и ритуална музика во текот на културната револуција започната од Genesis P-Orridge, John Balance, David Tibet и нивните соработници. 

Неговиот настап во Скопје е дел од светската турнеа која го промовира неговиот нов албум - Unnatural Channel.

Низ својата 40 годишна музичка кариера, Drew McDowall стои како една од најзначајните фигури на модерната електронска музика, но неговите проекти несекогаш завршуваат во студиото. Низ текот на 90те, тој е менаџер на култниот денс-поп состав The Shamen, помага на својата сопруга Rose McDowall во продукцијата на Strawberry Switchblade и стои како ремиксер и промотер на многу од индустриските и прото-електронски состави кои се појавуваат на сцената кон крајот на 20век. Неговиот ремикс-каталог е подеднакво импресивен со проекти за Nine Inch Nails, Chris & Cosey, Surgeon и многу други.  

Како прв член регрутиран во Coil од страна на основачите John Balance и Peter 'Sleazy' Christopherson, Drew е одговорен за брзиот раст на композициските и продукциски квалитети во песните на Coil, но и за целосното прифаќање експерименталните и окултни правци на групата наместо мејнстрим поп влијанијата од 80те со поставување на богат мозаик на музички влијанија од сферата на класиката, раната електронска музика и нивно комбинирање со спиритуалните и религиозни традиции присутни во музиката на Coil. Овој процес доаѓа до својата логична завршница со издавањето на "Astral Disaster", "Music to Play in the Dark" и "Time Machines", крунски албуми во дискографијата на Coil и воопшто, дел од најважните носачи на звук за развојот на елетронската музика во 21 век. По издавањето на Time Machines и распадот на Coil, McDowall се сели во Бруклин, каде се посветува на модуларната синтеза и својата композиторска работа, правејќи музика за бројни филмови, инсталации и мултимедијални проекти.

Наскоро очекувајте надополнување на програмата! 

Цена на билет ќе чини 200 денари, билети се продаваат преку Купи Карти За Се.

23:00 // 17.ноември.2017 // МКЦ Скопје 

Cinedays Film Festival x Desonanz production