Кожа

“Кожа“, во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин. Претставата е составена од три кореографии “Котел“ на Рисима Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, “Погрешно“ на Адријана Данчевска, на музика на групата “Верка“ и кореографијата под наслов “Истиот извор“ на Матеа Киселичка, за која таа направи избор на музика од повеќе автори. Костимите за целата претстава ги обликуваше Благој Мицевски. Во претставата учествуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александар Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, гостинката од Италија, Фабиана Карчесио и гостите од Кина, Ванг Нинг и Ли Је.

 

 29 септември, 20 часот, МНТ