ЦЕЦА

Најголемата балканска дива Цеца по 4 години повторно на голем концерт во Охрид ова лето! 

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 28. јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”.

Со песните од новиот албум, “Анџео другог реда”, “Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле” и многу, многу други безвременски хитови, мега популарната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали и стадиони низ целиот свет.

Овој пат на ред е нашиот “бисер македонски”, Охрид, каде Цеца ќе приреди повеќечасовен концерт за паметење на кој ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.