Бизнис кафе Македонија #25

На 28.09.2017г. од 18:00 чaсот во Дистрикт барот во хотел Мериот ќе се одржи 25 -тото по ред Бизнис Кафе Македонија.  

Гости на настанот ќе бидат:  Зоран Мартиновски, раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора, Г - ѓа  Јелена Арсовска, Managing Director на Меккен Скопје и Г- динот Ранко Петровиќ - првиот човек на популарното Радио Бубамара,. 

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

 

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.