Business cafe #23

На 17.05.2017 г. (среда) од 18:00 чaсот во Brick bar во Парк Хотел и Спа ќе се одржи 23 -тото по ред Бизнис Кафе Македонија.

Гости на настанот ќе бидат:  Г- динот  Срѓан РанѓеловиќДиректор во одделот за ревизија и консултантски услуги во КПМГ, Ѓ - а  Катерина Ангеловскатренер за личен развој и Г- динот Јован РадосављевиќГенерален Директор на Пивара Скопје АД..

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат Нескафе (ладно и топло) и флаширана вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

biznis kafe makedonija