BRYAN FERRY

Со задоволство ве информираме дека човекот наречен King of the cool- BRYAN FERRY доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don't Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум "Avonmore", придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност... за тие кои веруваат во чуда! :)

Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20ти април, по цена од 6.150 денари и

Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!