Балет на мраз Заспаната Убавица

Карти во продажба

Традиционално и оваа година Државниот балет на мраз од Санкт Петербург гостува во Скопје. На 1 декември, на сцената на Македонската опера и балет, со почеток во 19 часот и втора изведба во 21:30 часот, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Заспаната убавица“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.