Анастасија

Една од најпопуларните поп изведувачки во светот, девојката чиј глас го препознаават сите, со хитови кои што ги пејат многу генерации, Anastacia конечно доаѓа во Скопје. На 15 мај, ВИП Арената Борис Трајковски ќе биде една од европските концертни центри преку кои Anastacia со европската турнеја насловена Evolution, се враќа на музичката сцена.

Поп легендата која што има продадено повеќе од 30 милиони копии на своите албуми, извесен период се повлече од музиката затоа што имаше две животни битки со кои што мораше да се справи. Карциномот не ја заобиколи ниту Anastacia која што денес раскажувајќи за своејата лична борба, помага на милиони луѓе со слични проблеми ширум светот.

По феноменалната Ultimate Collection Tour во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, Anastacia се одлучи за голем камбек на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен Evolution. Истиот е снимен во Стокхолм и на него како извршен продуцент се потпишува Anders Bagge истиот оној кој што се потпишува и зад албумите на Celine Dion, Madonna, Janet Jackson.

Во текот на претходната турнеја, Anastacia потпиша договор за партнертво со Cancer Research UK. Донираше и одредени финансиски средства за да помогне во истражувањата и медицинските решенија кои што помагаат при ракот на дојка, кој што и самата двапати го преживеа.

Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно нема да се разликува од оние низ останатите европски метрополи во кои што Anastacia ќе го донесе својот нов албум Revolution. Покрај песните од истиот, на сцената во Борис Трајковски присутните ќе имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите можат да се најдат во продажната мрежа на Купи карти за се по цена од:

-  ПАРТЕР: 990 денари

-  ФАН ПИТ: 1500 денари (во ограничен број)

-  ТРИБИНИ: 1000, 1200, 1500, 2000 и 3000 денари

Сакавме светска музика во Скопје, го сакавме и нашиот град на мапата на светски и европски турнеи на светската музичка елита, да не пропуштиме овојпат да бидеме дел од случувањето што дефинитивно ќе остави белег на оваа 2018 година.