All you need is love

За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви најавуваме: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!

Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 31-ти октомври во 09 часот, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

 Се гледаме на голема предновогодишна журка!

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА КОРПОРАТИВНА ЗАБАВА ЗАЕДНО СО GIBONNI, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И FUNK SHUI! 

Ве информираме дека отвораме продажба на ексклузивни ВИП Пакети за фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE на кој ќе настапат GIBONNI како главна ѕвезда на вечерта, Влатко Стефановски трио и Funk Shui.

Вашите ВИП пакети ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се 

 

Резервирајте навреме бидејќи ВИП пакетите се во ограничен број! За купување на поголем број на вип пакети, следува попуст!