Алиса зад огледалото

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва, на 16 и 17 септември со почеток во 18.00 часот, на сцената на МНТ ќе ја прикаже преставата „Алиса зад огледалото" во режија на Иван Поповски, наменета за публика над седум годишна возраст.

Претставата е работена според двете книги за Алиса од Луис Керол, од кои Иван Поповски ја избрал понепознатата и многу поретко поставуваната и филмуваната приказна за „Зад огледалото” - како потеатарска, и при тоа со цврста структура и правила, што го задава тонот на постановката.

„Алиса зад огледалото“ во „Мастерскаја Фоменко“ - е вистинска енциклопедија на весел апсурд. Тука е можно практично сѐ, бидејќи на секое „зошто“, може да се одговори - затоа што тоа се случува „зад огледалото“, каде што сѐ е можно или да се каже дека сето тоа е само сон.

 

Претставата изобилува со многу чуда и пресврти - бидејќи тоа е, нели, приказна. Сценографијата се надополнува со светлото, видеоефектите, магионичарските пресврти... И, се разбира, во претставата има многу музика: многу стихови кои се вградени во кероловскиот текст се поставени врз музиката и во оваа претстава пеат практично сите. 

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 300 денари.

Иван се враќа дома” е прв домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски, кој живее и работи во Москва.