Skopje Calling 2018 - ALAN WALKER and Roger Sanchez

Еден од најголемите и најактуелни хитмејкери на денешницата, суперстар диџејот Alan Walker доаѓа на Skopje Calling 2018!

Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот Skopje Calling да трае два викенда!

Па така, огромно задоволство ни е да ви најавиме дека хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде ALAN WALKER- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2 јуни, сабота, на АРМ стадионот.

Иако има само 20 години, WALKER е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.

За оваа година, WALKER најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот Skopje Calling 2018!

Иако на 2 јуни имаме еден од најголемите актуелни DJ-и на денешницата Alan Walker, се одлучивме вечерта да ја направиме уште побогата и да го дочекаме утрото заедно.

За тоа ќе се погрижи легендата на хаус музиката Roger Sanchez кој ќе има лејт најт сет од 2 до 4 часот наутро. 

Со ова вечерта на 2 јуни ќе биде спој на младоста, актуелноста и атрактивноста на Alan Walker во комбинација со искуството и квалитетот на добрите журки на Roger Sanchez.

Цената на билетите останува иста:

Партер 1000 денари

Фан Пит 1500 денари