Аца Лукас

Карти во продажба

Најголемата предновогодишна журка на Балканот – голем концерт на Аца Лукас во Скопје!

Музичката ѕвезда со милионски прегледи на Youtube и настапи ширум светот за кои се бара карта повеќе, на голем спектакуларен, предновогодишен концерт во Скопје!

Големиот солистички концерт на Аца Лукас е закажан за 23. Декември 2017 година во Вип Арена Борис Трајковски!

Човекот за кого со причина се зборува дека ги прави најголемите и најлуди журки во регионот и пошироко, повторно подготвува спектакл за својата верна публика.

Спектакуларната бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Аца Лукас.

“Музиката не познава граници, јас сум тука да ги забавувам луѓето. За македонската публика сум посебно врзан и секогаш сум тука за нив. Моја задача е луѓето да заборават на секојдневните грижи и ветувам одлична, одлична забава со сите мои стари хитови и песните од новиот албум”, изјави фолк ѕвездата во најавата за неговиот концерт во Скопје.

Повеќечасовен концерт на најконтроверзната ѕвезда Аца Лукас, кој заедно со неговиот бенд, во живо ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Лукас без сомнение ќе приреди незаборавна ноќ, спектакл кои ги поместува сите граници.

Покрај новите песни, публиката ќе ужива и во безвременските хитови на Аца Лукас, затоа останува само да се подготвиме за најголемата журка на Балканот!

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба денес (27.10) во 13 часот, по промотивна цена од 300 денари само до 15. Ноември 2017, може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија.